Ќе делуваат страшно: Ова ќе биде новиот Интер!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Со или без Лига на шампионите, Санинг е решен да создаде шампионски тим. Ова ќе биде новиот Интер!

Со или без Лига на шампионите, Санинг не се откажува. Ремито на Торино третото место го направи нереално, но денеска медиумите пишуваат дека буџет за преодниот рок постои и дека не е услов пласман во ЛШ.

Најмалку пет засилувања стигнуваат на Меаца, некои познати како Манолас кој треба да ја засили одбраната, а истотака блиску е левиот бек на Волфсбург, Швајцарецот Родригез.

Се бара и бек за десната страна, а што се однесува до средниот ред, Банега или Брозовиќ ќе биде продаден, со цел да се отвори место за млади играчи како Бернанди, Барнадески кои се мети на клубот, но и Џејмс Родригез доколку прифати да дојде во Интер.

И на крајот, Икарди треба да добие алтернатива, Шик од Сампдорија е мета како вложување за иднината, но веројатно ќе дојде уште еден искусен играч.

Во секој случај, целта е јасна, можност да се нападне титулата или во најлош случај враќање во ЛШ, наредната сезона и четврто место што води во квалификациите, силно засилен Интер не треба да има проблем да се врати во евро елитата.