„Варди од Мали“ на радарот на Ливерпул и Тотенхем


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Напаѓачот од Мали кој го доби прекарот по напаѓачот од Лестер, во ова лето може да оствари трансфер на кариерата.

Како што пренесува добро информираниот германски „Билд“ Ливерпул и Тотенхем во ова лето ќе водат борба околу потписот на напаѓачот на Порто на позајмица во Виторија Гимараеш Муса Марега.

Марега има 25 години, а прекарот „Варди од Мали“ го доби поради сличниот пат со што дојде „до ѕвезда“.

Тој се до 2015 година кариерата ја градеше во ниските лиги на Франција, дури и една сезона помина и во Тунис.

Следеше премин во Маритимо и тогаш тргна неговиот голем прогрес. Постигна 15 голови во дресот на Маритино, тој и голманот Жосе Са биле на прагот од премин во Спортинг, кога пред лисабонските „Лавови“ се појави Порто.

Тимот од Драгао сфати дека во своите раце има многу перспективен играч, и на него му понудија договор, кој со клубот го потпиша до 2020  година, со вметната клаузула од 40 милиони евра.

Одигра во оваа сезона 13 натпревари за Порто, постигна еден гол, а во јануари беше проследен во Виторија Гимараеш, каде просто блеска.

На 16 настапи за Гимараеш постигна 12 голови, а веќе во ова летои повторно може да ја промени средината, бидејќи Редсите и Спарси се сериозно заинтересирани.

Се карактеризира со сила, добра завршница и доминација во воздушните дуели, јасно е дека на Клоп совршено ќе одговара, бидејќи на Енфилд напаѓач со таков профил не постои, додека Покетино во него гледа идеална алтернатива за Хари Кејн.