„Играв болен против Барселона!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Рабиот, младиот играч на ПСЖ, призна дека во реваншот играл болен.

По натпреварот против Лион во кој го постигна првиот гол за својот тим, Рабиот се сети на натпреварот од 1/8-финалето во ЛШ против Барселона.

„Беше тешко, но сакав да играм во тој натпревар. Жалам што не бев 100% подготвен. Да играше некој друг наместо мене, можеби же завршеше поинаку.“

Од клубот сеуште не реагираа на оваа изјава, па така сеуште не се знае дали во стручниот штаб знаеле за овој проблем на играчот. Да потсетиме, ПСЖ против Барселона испушти предност од 4:0 од првиот натпревар, откако изгуби во реваншот со 6:1.