„Нека останат дома!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Познато е дека навивачите на Барселона се лути со своите засилувања, меѓу кои е Гомеш кое ова лето стигна од Валенсија.

Пике одлучи одлучи да застане во заштита на својот соиграч, па даде коментар на навивачите.

По влегувањето во игра на Гомеш, тој беше испратен со свирежи и навреди од трибините, но и откако во финишот на натпреварот го постигна својот прв гол за тимот, Пике даде своја изјава.

„Луѓето кои сакаат да ги исфиркуваат играчите, дури и пред да ја допрат топката би требало да останат дома. Тоа не му помага на никој.“

„Една работа е кога некој играч игра лошо, па навивачите се жалат, но сосема друго е кога тоа го прават пред тој да го има допирот со топката. Тоа ја уништува неговата самодоверба.“

Гомеш влезе во 74-та минута додека гол постигна во 89-та минута.