„Се надевам дека ќе го донесеме Мбапе!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Дефанзивецот на ПСЖ, Маркињос се надева дека тимот ќе го донесе Мбапе.

Тинејџерот, кој одигра одлично против Сити во ЛШ, беше поврзуван со Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.

„Тој е играч кој игра многу добро. Тој има светла иднина пред него. Се надевам дека ќе продолжи да работи и нема да сопре. Има уште многу да научи.“

„Тој игра одлично во Монако и би сакал да го донесе во нашиот тим. Тој е играч кој може да направи разлика и има голем квалитет.“