Одреден терминот за Ел Класико


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


За разлика од претходните неколку дуели двата најголеми шпански клубови, претстојното ќе го играат во вечерен термин.

Наредното „Ел Класико“ ќе биде на програмата на 23 април.

Ќе биде одржан на Сантијаго Бернабе со почеток во 20:45 часот.

Реал Мадрид ќе ја угости Барселона во 33 коло од Примера, Лос Бланкоси до тогаш ќе одиграат пет првенствени мечеви вклучувајќи и заостанатиот со Селта, а Каталонците четири.

Кралскиот клуб моментално има два бода повеќе од најголемиот ривал и натпревар помалку.

Освен гостувањето во Виго, Реал пред Ел Класико ќе има и тежок испит во градското дерби против Атлетико на свој терен, како и “зицери“ со Алавес дома и Леганес и Хихон во гости, додека Барса ќе игра со Севиља и Реал Сосиедад на Ноу Камп и ќе гостува два пати во Андалузија, Гранада и Малага.

Ќе видиме каква ќе биде состојбата на табелата непосредно пред Ел Класико, делува дека тоа дерби можеби може да биде пресудно во шампионската трка.

Да потсетиме дека двете екипи изборија пласман во 1/4 финалето на ЛШ, пред Ел Класико, Реал два пати ќе ги вкрсти копјата со Баерн од Минхенм а Барса со Јувентус.