Поранешниот шампион е непрепознатлив – Фјури има повеќе од 160 кг и нема да се бори!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Поранешниот шампион на светот во тешка категорија, Тајсон Фјури најави дека ќе се врати на боксот во мај оваа година.

Сепак, со оглед на состојбата во која се наоѓа, тој не би можел да се бори.

Тој тежи повеќе од 160 кг и навистина треба да се случи чудо за да биде подготвен за натпревар. Меѓутоа, проблем на Фјури му претставува и издавањето на лиценца.

Боксерската асоцијација поради допинг сеуште не му дала дозвола за борба и тој најверојатно ќе се врати многу подоцна во рингот.

Фјури во 2015-та година ги освои ВБО, ВБА и ИБФ светските титули, откако го победи Кличко.