Кој е според Буфон најдобриот голман на светот?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Џанлуиџи Буфон, италијанската легенда сеуште нема намера да ја заврши својата кариера.

Буфон веќе две децении е на врвот на светскиот фудбал, и уште го има тој талент како и во првите денови. Во едно интервју тој откри кој за него е најдобриот голман во моментов.

„Мануел Ноер е веќе неколку години на врвот. Денешниот фудбал е повеќе модерен од оној пред 20 години, а Ноер е совршен пример за модерен голман“ – изјави Буфон.

„Ноер беше одличен на СП, тој е еден од најзаслужен за освоеното светско на Германија“ – додаде Буфон.