Го напушти училиштето, ги празнеше телефонските говорници, а денес е една од најголемите ѕвезди на гигантот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ова е уште само една приказна која ни стигна од фудбалските терени.

Ерик Бејли стигна во Јунајтед ова лето за 40 милиони евра од Виљареал, но неговата животна приказна е неверојатна.

Фудбалерот кој е роден во Брегот на Слоновата Коска до пред само четири години немаше одиграно ниту еден професионален натпревар, а сега е столб во одбраната на еден од најголемите клубови во светот.

Како и повеќето фудбалери од Африка од мал го засакал фудбалот, но фамилијата му била сиромашна.

Поради тоа бил принуден на 14 годишна возраст да прекине со школувањето, а за пари заработуваше така што помеѓу тренингот ги празнел телефонските говорници.

Играше за тимот Аби Старт и го забележаа скаутите на Јувентус. Сепак, раководството на старата дама не можеше да си дозволи фудбалер кој е надвор од Европската унија и за момче за кое никој не слушнал.

Бејли на 16 години заврши во Еспањол, но две години не можеше да игра поради тоа што ги немал потребните документи.

Тешко се навикнуваше на животот во Шпанија, а голема подршка имаше од Џон Џордан чии родители се грижеа за Ерик како за сопствен син. Го хранеа, му даваа пари, го носеа на лекар и му купуваа облека.

Брзо следуваше трансфер во Виљареал во кој за една година го повлече вниманието кон себе од гигантите, а најбрз беше Манчестер Јунајтед.

Кога стигна на Олд Трафорд ја покажа класата, а моментално е надвор од тимот поради повреда. Неговата животна приказна е уште една во низа од оние кои докажуваат дека ништо не е невозможно и дека од сонот не треба да се откажете.

Доказ за тоа е и Бејли кој помина од трнливиот пат до ѕвездата.