Се повторува историјата? Ѕвездата на Наполи има понуда од Јувентус!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лоренцо Исиње во оваа сезона е еден од најдобрите играчи на Наполи, но може да следи заминување поради неговото незадоволство.

Наполи, после се, е далеку од титулата шампион на Италија, поради тоа што Јувентус го држи приматот веќе пет години и сигурно ќе биде прв и во оваа сезона.

Сепак, далеку од тоа е дека Наполи (последната титула шампион на Италија ја освои во 1990 година), не игра добро, дури играчите на овој тим сметаат дека играле егал натпревари против Реал Мадрид, еден од главните конкуретни за освојување на титулата во оваа сезона во Лигата на шампионите.

Недостатокот на трофеј покрај моќниот Италија може да ги одвлече најдобрите играчи на овој тим, што се случи во минатата сезона со Игуаин.

Еден од нив е и Лоренцо Инсиње.

„Мислам дека играм добро во Наполи, се надевам дека ќе ми користи со цел да добијам повик во националниот тим. Мислам дека Наполи е одличен тим, игравме егал натпревари со Реал Мадрид. Сепак, да освоите трофеи, не треба само да доведувате играчи, веќе морате да имате одлично раководство“, рече тој, со што индиректно го повика Аурелио Де Лаурентис, претседателот на Наполи.

„Се надевам дека Наполи ќе порасне уште повеќе како клуб, а јас ќе го давам најдоброто од себе. До кога претседателот ми дава шанса, јас секогаш ќе пробувам да одговарам. Сепак, претседателот знае дека размислувам само за теренот, дека други работи не ме интересираат“, рече Лоренцо Исиње.
Инаку, тој е одамна веќе во преговори околу нов договор, а изгледа дека се е “замрзнато“ и дека е големо прашање дали Исиње ќе остане и наредната сезона.

Според зборовите на неговиот агент, Милан, Атлетико, Рома и Јувентус размислуваат за овој фудбалер, поради тоа што Наполи не сака да му понуди повеќе од 3.5 милиони евра годишно, додека споменатите клубови имаат за цел да одат и до 4 милиони.

Дали ќе се повтори историјата и дали повторно ќе гледаме трансфер на еден фудбалер од Наполи во Јувентус?