Брест е домаќин на Ф4 во СЕХА


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Белоруски Брест ќе биде домаќин на Ф4 турнирот во СЕХА.

Извршниот комитет на СЕХА ја донесе одлуката со која Белорусија првпат ќе ги пречека најдобрите четири екипи од регионалното ракометно натпреварување.

Турнирот ќе се одржи во периодот од 7-ми до 9-ти април. Во полуфиналето ќе играат Вардар – ППД Загреб и Веспрем – Мешков. Овие натпревари се закажани за 7-ми април, а финалните се на 9-ти април.

Сите натпревари ќе се одржуваат во салата Викторија во Брест.