Евертон најде замена за Ромелу Лукаку


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Белгискиот репрезентативец, Ромелу Лукаку најверојатно ќе го напушти Евертон на крајот на оваа сезона.

Раководството на Евертон пред неколку недели му понуди нов договор на напаѓачот, но Лукаку ја одби понудата и стана јасно дека сака да го напушти Евертон на крајот на оваа сезона. Клубот од Гудисон за белгиецот би требало да заработи 80 милиони фунти.

Англиските медиуми пренесоа дека тренерот Роналд Куман одлучи како ќе ги потроши парите заработени од трансферот на Лукаку. Евертон на лето ќе се обиде да доведе тандем од Шпанија, Седрик Бакамбу и Вилијан Хосе.

Бакамбу игра за Виљареал, а Хосе е фудбалер на Реал Сосиедад. Овој тандем би требало клубот од Ливерпул да го чини околу 50 милиони фунти.