Дали конечно ќе замине – Венгер доби понуда од гигант


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На тренерот на Арсенал, Арсен Венгер му е понуден 2-годишен договор.

Понудата не е од топџиите кои немаат голема желба да го задржат бидејќи и оваа сезона треба да се заборави како и претходните.

Според Сан, ПСЖ му понуди 2-годишен договор на професорот, претседателот на парижаните, Насер Ал Келаифи мисли дека Венгер би можел да го подобри неговиот тим.

Сепак, тешко е да се очекува дека Венгер ќе се врати во Франција.

Венгер последен пат беше шампион на Англија со Арсенал во 2004-та година, а на клупата на топџиите е од далечната 1996-та година.