„Тој е посилна личност од сите!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пеп Гвардиола е таков тренер, некои играчи ги сака, другите не му се допаѓаат.

Тренерот во кариерата имаше проблеми со големи ѕвезди како Ибра, но кога ќе види дека некој се жртвува за тимот, како што е Стонс, тогаш многу ги почитува.

„Кога е под притисок, кога луѓето најмногу го критикуваа, тој беше тука и играше. Воодушевен сум со него и покрај големиот број на грешки. Тој е похрабра од сите останати и тоа многу ми се допаѓа. Среќен сум што е во мој тим.“

Стонс за 50 милиони евра стигна од Евертон во Сити, а таа вредност донесе голема одговорност, како и многу критики.