„Доаѓањето на Де Боер беше шок!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанскиот дефанзивец, Ранокија изјави дека поранешниот тренер на Интер, Де Боер се мачел во тимот, затоа што не работеле добро во претсезоната додека тренер беше Манчини.

Де Боер го замени Манчини пред почетокот на сезоната, но доби отказ откако беше поразен 7 пати во 14 натпревари. Ранокија ја започна сезоната во Интер, но во јануари замина на позајмица во Хал.

„Кога ќе го смените тренерот во август, тоа е тешко за сите, за клубот, тренерот и навивачите. Доаѓањето на Де Боер беше шок, тој не зборуваше италијански. Ние не работевме добро во претсезоната.“

Тој даде изјава и за новиот тренер Пиоли за кој рече дека дал идеја како да се игра, менталитет и правила кои сите ги почитуваат.

„Тој одбра добри играчи кои играат. Резултатот може да се види. Играчите многу добро работат со него.“