Пике и Умтити не се задоволни со формацијата на Енрике


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Барселона во натпреварот против Валенсија играше во формација 3-4-3, која веќе ги покажа своите слабости.

Иако Барселона победи, 2-та примени голови во првото полувреме покажуваат дека има слабости оваа формација.

Пике и Умтити по натпреварот во изјавата за медиумите кажаа дека новата формација носи голем ризик, па ќе биде потребно време да се прилагодат.

„Со новата формација превземавме ризик. Имаме тројца во одбрана, а ние сме напаѓачка екипа. Противникот има повеќе простор, но ќе се навикнеме.“

„Во формацијата 3-4-3 сме повеќе ранливи, затоа стоперите мора да го подобрат позиционирањето и движењето.“

Важно е да се каже дека Барселона цело второ полувреме играше со играч повеќе.