„Ги сакам некои англиски тимови, Пеп и Мурињо“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бразилскиот напаѓач Нејмар не би имал ништо против еден ден да заигра во Англија.

Секако, нема Нејмар да ја напушти во скоро време Барселона, но не крие дека му се допаѓа ПЛ и дека еден ден би сакал да игра во Англија.

„Ме воодушевува ПЛ. Им се восхитувам на Јунајтед, Челси, Арсенал и Ливерпул и тоа се тимови кои секогаш се борат за титулата.“

„И имаат врвни тренери, како што се Мурињо и Гвардиола. Тоа се тренери со кои би сакал секој играч да работи.“