„Никогаш нема да го тренирам Реал Мадрид“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне беше јасен во својот став дека нема никогаш да го тренира Реал Мадрид.

Тој за медиумите изјави дека никогаш нема да ги тренира градските ривали.

Симеоне стана легенда на тимот на Атлетико по освојувањето на Примера во 2014-та година, како и освојување на ЛЕ две години претходно.

Со своите одлични резултати привлече големо внимание, но веднаш даде до знаење дека нема да биде тренер на Реал Мадрид.

„Никогаш нема да го тренирам Реал Мадрид. Тоа е логично, поради моите чувства. Ниту тие мене никогаш нема да ме повикаат.“

„Млад сум, можеби еден ден ќе водам некој друг шпански тим.“

Симеоне изјави дека би сакал да ја води репрезентацијата на Аргентина.