Ѓоковиќ, Мареј… Мајами и без Монфилс


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Францускиот тенисер Монфилс се наоѓа на листата на играчи кои поради повреда го откажаа учеството на Мастерсот во Мајами.

По тројниот освојувач Ѓоковиќ и најдобриот играч во моментов, Мареј, се откажа и 11-от тенисер на АТП листата.

„Тестовите кои ги направив во понеделникот покажаа дека имам проблем со левото колено и со Ахиловата тетива. Веднаш ќе започнам рехабилитација и се ќе сторам за да се вратам што е можно побрзо.“

30-годишниот тенисер во кариерата има освоено 6 титули, а оваа сезона ниту една.