Мурињо ја користи шансата и го доведува фудбалерот на Барселона


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Португалецот го познава шпанецот и го сака во својот тим.

Жорди Алба е жртвата на Барселона со новата формација со тројца во одбрана, па во овој момент во одбраната предност пред него имаат Маскерано-Пике и Умтити.

Тоа беше поводот за пишување на медиумите за интересот од Манчестер Јунајтед бидејќи Мурињо го познава шпанецот од кога беше тренер на Реал Мадрид.

Барселона има голема доверба во овој фудбалер кој е нивно дете, а на Камп Ноу се врати во 2012-та година од Валенсија.

Алба има силен договор до 2020-та година по кој неговата откупна клаузула е 150 милиони евра.

Не е тајна дека Мурињо не е задоволен со игрите на Лук Шо и дека сака нов лев бек.