Макаби стигна до победа во последната ¼-на, Ефес беше поуспешен од Жалгирис!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Денес се одиграа 2 натпревари од Евролигата.

Првиот натпревар се одигра помеѓу Фенербахче и Макаби, а до победа стигна Макаби со 81:79.

Натпреварот започна добро за Фенербахче кои имаа предност по првата ¼-на со 25:15, но Макаби врати во следната ¼-на и на полувреме се замина со резултат  41:41.

Натпреварот беше решен во последната ¼-на кога Макаби успеа да ја добие ¼-та со 25:20.

Ефес беше поуспешен на гостувањето против Жалгирис со 74:68. Првото полувреме беше одлично за тимот на Жалгирис, но потоа Ефес успеа да направи пресврт и во последната ¼-на да стигне до победата.