Германија или Франција – Која репрезентација има повеќе потенцијал?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Се предвидува дека овие две репрезентации во наредните 10-на години ќе бидат најдобри во Европа, но и во светот.

Репрезентациите на Германија и Франција од секогаш беа меѓу најдобрите на планетата, а по се изгледа дека така ќе остане и во наредните десет години.

Германија постојано игра една од најважните улоги на првенствата, а секогаш доаѓа до самиот крај.

Дали така ќе остане и по СП 2018-та година?

Новата генерација стигнува во вистински момент, а Јоаким Лев полека ги сместува во системот на работа на репрезентацијата.

Лерој Сане

Гвардиола залудно не го плати овој фудбалер 37 милиони фунти на Шалке. Овој играч има 21 година, беше еден од најдобрите во поразот на Сити од Монако.

Крилниот играч се повеќе ја покажува својата вредност, а би можело многу да се очекува од него во иднина.

Никлас Зуле

Играчот кој го очекува голем трансфер ова лето. Баерн, Борусија, Леверкузен, Шалке или некој друг тим надвор од Германија, ќе видиме, но овој играч на само 21 година покажува дека е одличен дефанзивец.

Џулијан Брант

Играч од Леверкузен, исто така се очекува голем трансфер на лето затоа што за него се заинтересирани најголемите тренер –Анчелоти и Клоп.

Брант има само 20 години, а веќе играше за репрезентацијата и се очекува од него да биде водач на репрезентацијата.

Вредноста му се проценува на околу 30-40 милиони евра.

Џулијан Вајгл

Играчот од Борусија е мета на Барселона и Реал Мадрид. Дојде многу тивко, а се покажа како добар избор, па лесно влезе во првиот тим на Борусија.

Сега, на само 21 година е еден од најдобрите играчи во БЛ.

Тимо Вернер

Играч на Лајпциг, тим кој е најголемо изненадување во БЛ. Тој е напаѓач и најдобар стрелец помеѓу Германците во БЛ.

Има само 21 година.

Џошуа Кимих

Вистинска замена за Лам. Иако оваа сезона не игра повеќе, Анчелоти сериозно ќе смета на него во иднина.

Тој е прва позиција како десен бек, но може да одговори и на задачите на играч за врска.

Многу е интелигентен, а за своите 22 години размислува повеќе од зрел играч.

Да преминеме на репрезентацијата на Франција во иднина, која дефинитивно има премногу фудбалери кои ќе бидат светски фудбалски ѕвезди.

Играа финале на ЕП, а се очекува да бидат и главни фаворити за освојување на СП 2018 година.

Еве некои од играчите кои во наредните 10 години би можеле да бидат столбот на репрезентацијата.

Осман Дембеле

Исклучително брз фудбалер.

Напаѓач, а може да игра и како крило и во дресот на Дортмунд покажува дека станува збор за неверојатен талент, а добива многу простор во играта и сигурно дека ќе стане еден од најдобрите во светот во иднина.

Има само 19 години.

Корентин Толисо

Играч кој веќе почнаа да го бараат најголемите клубови во светот. Прв е Јувентус, а тие сметаат дека тој е идеално решение.

Игра во Лион од почетокот на кариерата, има 22 години, а има голема зрелост.

Преснел Кимпембе

Фудбалер на ПСЖ и голема надеж на Франција во иднина кога станува збор за стопер. Би можел во тандем со Варан да напредуваат многу.

Го видовте Кимпембе против Барселона во првиот натпревар, а секако дека тоа му е натпревар за паметење, затоа што Нејмар, Суарез и Меси не постигнаа гол.

Килијан Мбапе

Играч за кој најмногу се зборува во овој момент. Фудбалер е на Монако, а го бара половина Европа, Венгер, Зидан, Клоп…

Има само 18 години, а повикан е во репрезентацијата на Франција и најверојатно ќе дебитира против Луксембург.

Антони Марсијал

Од него се очекуваат големи работи во иднина. Најплатен тинејџер е во светот, а го сруши рекордот и оваа сезона му е втора во Јунајтед.

Не е многу ефикасен како минатата година, но и помалку шанса добива кај Мурињо. Но сигурно ќе биде во иднина подобар и ќеја искористи секоја шанса.

Ова е одлична споредба на иднината на двете репрезентации, а која ќе биде подобра, ќе покажат годините.