Басконија победи во Германија, Панатинаикос го декласираше Милано!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Денес се одиграа уште 2 натпревари во Евролигата.

Во првиот натпревар Бамберг беше поразен од Басконија со 96:71.

Натпреварот започна феноменално за Басконија која во првата ¼-на победи со 30:11, а потоа продолжи со добрите игри и на полувремето замина со предност од 53:37.

До крајот на натпреварот продолжи со сигурна игра и стигна до победата.

Во вториот натпревар, како што се очекуваше, Панатинаикос го победи Милано.

Натпреварот започна многу добро за Панатинаикос кој го доби првото полувреме со 38:25, а до крајот продолжи со одлична игра и стигна до победа од 74:61.