Мендеш го советуваше Монако, но кој ќе плати волку за Мбапе?!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во денешниот фудбал ништо не е невозможно и никакви суми не се чудни.

Едно од најголемите откритија во оваа сезона во Лигата на шампионите и целата Европа Килијан Мбапе се заканува да ги собори сите рекорди на трансфер пазарот.

Како што пренесуваат француските медиуми, Реал Мадрид сака да го доведе одличниое 18-годишен напаѓач, но Монако од топ постави цена – 120 милиони евра!

Оваа цена ја одреди прочуениот менаџер Хорхе Мендеш кој е негов застапник, но е советник на првиот човек на Монако Димитри Риболовљев.

Зинедин Зидан го откри Мбапе во 2012 година, беше блиску до премин во Реал Мадрид, но тоа не се случи.

Пет години подоцна, Флорентино Перез ќе мора да го собори рекордот на Пол Погба (110 милиони) и за 120 милиони да го одоведе одличниот фудбалер кој ја залуди Европа.