Симеоне го засилува нападот во Серија А?!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Атлетико Мадрид цели еден од најдобрите играчи на Милан.

Како што пренесува мадридски Ас, крилниот фудбалер на Милан Сусо е голема желба на Диего Симеоне.

Сусо во оваа сезона повторно експлодираше и се врати во центарот на вниманието на јавноста со добрите партии, а така привлече и внимание на останатите големи екипи.

Тој во оваа сезона постигна шест погодоци и имаше девет асистенции, што тоа не го пропуштија скаутите на Атлетико Мадрид.

Симеоне ќе проба да го доведе во ова лето и да ја засили конкуренцијата на крилните позиции, ќе видиме дали во тоа ќе успее.

Сусо има договор со Милан до јуни 2019 година.