Интер доби понуда за својот напаѓач!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Иван Перишиќ оваа сезона е еден од најдобрите фудбалери на Интер, а со своите игри привлече големо внимание од многу тимови.

Тој досега одигра 33 натпревари во сите натпреварувања и постигна 9 голови.

Перишиќ неодамна го прослави својот 28 роденден и јасно е дека игра во одлична форма.

Тој стигна во Интер во 2015-та година од Волфсбург за 19 милиони евра, а доколку Интер се одлучи да го продаде, би можел да заработи двојно повеќе.

Наводно, Клоп го сака Перишиќ, а Ливерпул се подготвени да платат малку повеќе од 35 милиони евра.

Познато е дека Клоп соработуваше со Перишиќ од 2011 до 2013-та година додека тој играше за Дортмунд.