Изгуби место во првиот тим – Жорди Алба го критикуваше Луис Енрике!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Промената на формацијата на Барселона во последно време најмалку му одговараше на Алба.

Енрике пред неколку недели ја смени формацијата со трти стопери каде местото на лев бек го изгуби Алба.

Овој фудбалер во минатите години беше стандарден член на тимот на Барселона, но во последно време се сменија работите.

Тој не крие дека е разочаран што има се помала минутажа во Барселона.

„Секој играч мора да има тренер кој ќе му дава дополнителна самодоверба и комплименти на тренинзите или натпревари, а тоа моментално го немам во Барселона. Кога бев стандарден не се жалев на никого. Сите сакаат да играат и јас сум еден од нив.“

„Вистина е дека бев стандарден во минатите години, но не знам што се случува сега.“