„Челси е вистинскиот избор!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Н`Голо Канте верува дека неговата одлука да го напушти Лестер е вистинска.

Французинот минатото лето го напушти тимот на Лестер и за 32 милиони фунти се пресели во Челси.

Сега тој е блиску до освојување на титулата во ПЛ повторно, па вели дека го направил вистинскиот избор.

„Навистина сум среќен оваа сезона. Го направив вистинскиот избор и дојдов во Челси.“

„Ние сме во добра позиција. Навистина играме одлично. Ме прават среќен убавите работи кои ги слушам за мене. Најважно е да ја завршиме сезоната како што треба.“