Пеколно тежок натпревар и на крајот пораз за Лина Ѓорческа!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес беше виден маратонски натпревар помеѓу Заватска и Ѓорческа.

Во првиот сет беа видени дури 4 брејк, поточно 3 успеа да направи Заватска и 1 успеа да направи нашата Лина за конечни 6:3.

Првиот брејк го направи противничката во 5-от гејм, а Лина врати во наредниот гејм, но до крајот на сетот Заватска успеа да направи уште 2 и така стигна до 6:3 во првиот сет.

Во вториот сет Лина започна многу подобро, направи веднаш брејк на противничкиот сервис и водеше со 2:0, а противничката успеа да врати во 8-от гејм и да израмни на 4:4, но Лина враќа во наредниот гејм и со 6:4 успеа да го освои вториот сет.

Третиот сет беше пеколно долг. Прво до брејк стигна Заватска за водство од 2:0, а Лина враќа веднаш и израмнува на 2:2.

Во 7-от гејм успеа да направи брејк за предност од 4:3, но Заватска врати во следниот гејм и израмни на 4:4.

Во 10-от гејм од натпреварот Заватска имаше дури 3 брејк, сет и меч топки, но не успеа да искористи ниту една, поточно Лина одлично се одбрани.

Во продолжение Заватска имаше повторно 3 брејк, сет и меч топки, но Лина повторно брилијантно се брани и натпреварот продолжи во тај-брејк.

Во тај-брејкот одлично започна Лина, имаше предност од 3:1, но потоа противничката направи серија од 6 поени и стигна до победата.

Очигледно дека долгата пауза и повредите си го направија своето, па тоа дојде до израз во играта на Лина и таа несреќно изгуби на крајот по скоро 3 часовна борба.