Жорди Алба жестоко го критикуваше Луис Енрике


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Луис Енрике пред неколку недели се одлучи да игра формација со три штопери каде што местото лев бек го загуби Жорди Алба.

Овој фудбалер во последните години беше стандарден во екипата на Барселона, но во последно време се промени.

Алба не крие дека е разочаран што има се помала минутажа во Барселона, а во интервју за шпанските медиуми жестоко го критикуваше тренерот на каталонската екипа, Луис Енрике.

„Секој играч мора да има тренер кој ќе му дава дополнителна самодоверба и комплименти на тренинзите или натпреварите, а јас моментално тоа го немам во Барселона. Кога бев стандарден не се жалев на никого, ниту барав објаснувања кога изгубивме, ниту тоа сега ќе го направам. Сите играчи сакаат да играат што повеќе и јас сум еден од нив. Вистина е дека во претходните години бев стандарден, но не знам што тоа сега се промени“, рече Алба.