Фудбалер на Лион веќе се договори со Монако?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Монако полека постанува сила во Франција, први во Франција на табелата, втори во топ 5 лигите по ефикасност.

Само од продажба на неколкумина од Монако би можело да се заработи вистинско богатство бидејќи се доста талентирани.

Сега Монако најверојатно убеди нов играч да потпише за нив, а во прашање е крилниот фудбалер Рашид Гезал од Лион.

Има интерес за овој Алжирец и од ПЛ, но тој како погодна дестинација за него го одбра францускиот тим, па според извештаите и веќе се договорил со тимот.

Лион тешко дека ќе обезбеди ЛШ, Ница е трета и им бега 13 бодови, а на Монако му е потребна уште една победа за пласман во ЛШ.