Ако се земе во предвид само тоа најважното во фудбалот, а не е ЛШ, тогаш Баерн е најголем клуб на светот!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од овие неверојатни факти, Баварците во два навистина покажаа за каков клуб се работи.

Кога ќе се најдете на пијалок со своето друштво сигурно постои барем мала желба да се искоментира нешто од фудбалскиот опус. Овие факти сигурно ќе ви помогнат да го импресионирате вашето опкружување, а доколку сте спористи или работите во таа бранша, информациите кои ќе ги прочитате ќе ви бидат од голема корист.

Марк Хујз еднаш во ист ден играше два натпревари: И за Велс и за Баерн Минхен. Само што потпиша договор со Баерн, Ули Хенес после потпишувањето на договорот го услови за после попладневниот натпревар за квалификациитге за Евро 88 Велс против Чехословачка да одлета на другиот крај на Чешка каде што во вечерните часови премиерно играше во дресот на Баерн против Борусија Мехенгладбах. Чудото успеа, Баерн победи.

На средината на 70-те југословенските фудбалери не смееја да ја напуштат својата земја пред своите 27-години.

Да остварите хет-трик на еден натпревар против три различни голмани? Никаков проблем за Алвин Мартин! Овој човек во натпреварот Вест Хем против Њукасл построи и ги собори противничките голмани по следниот редослед: Мартин Томас, Крис Хедвордт, Питер Бирдсли.

Вест Хем однесе победа со фантастични 8:1.

Денеска, паралелно со неафирмирани играчи, е се поголем бројот на големи ѕвезди во фудбалот, агенти и скаути кои ги користат друштвените мрежи специјализирани за онлајн барање на работа, клубови  и професионален ангажман како бесплатната www.playerhunter.com  платформа.

Уште од 1982 година барем еден играч од Баерн беше во стартниот состав на секој финален натпревар на СП. Германија избори финале во 1982, 1986, 1990, 2002 и 2014 година додека стартери во останатите финалина беа Баварците (Жоржињо (Бразил 1994), Бисента Лизаразу (Франција 1998), Вили Сањол (Франција 06) и Аријан Робен (Холандија 2010).

Неспорниот виртуоз и апсолутно контроверзен на модерниот фудбал Златан Ибрахимовиќ играше за шест клубови кои што освоија ЛШ, но парадоксот кој го следи овој човек е тоа дека тој лично никогаш не учествуваше во освојувањето на тие трофеи. Ибрахимовиќ играше за Ајакс, Барселона, Интер, Јувентус, Милан и сега во Манчестер Јунајтед.

Ласло Кубала, според ФИФА статистиката, е единствен играч на светот кој играше за три земји. По потекло Чех од Будимпешта, оваа фудбалска икона на Барселона играше за Чехословачка, Унгарија и Шпанија.

Поранешниот напаѓач на Реал Мадрид Алфредо Ди Стефано играше за Аргентина, Шпанија и Колумбија, но неговата Колумбија во раните 50-те години ФИФА не беше членка на фудбалската асоцијација.