„Повеќе би сакал Гризман да оди во Барса отколку во Реал“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, се наоѓа на мета на многу европски клубови, но јасно рече дека нема намера да го напушти Висенте Калдерон.

Гризман во минатите месеци најмногу се поврзуваше со Манчестер Јунајтед, но францускиот репрезентативец ги демантираше наводите на медиумите.

Сепак, напаѓачот на Атлетико пред неколку дена изјави дека нема ништо против да заигра во дресот на Реал Мадрид или Барселона, дека заминување од Шпанија не доаѓа во предвид.

Денеска се огласи неговиот соигреач Габи кој порача на Гризман дека нема цел да игра за Реал Мадрид бидејќи во овој момент кралскиот клуб не е подобар од Атлетико.

„Реал Мадрид воопшто не е подобар од нас и нема смисла да оди таму. Веќе со години сме во самиот врв на европскиот фудбал и ова е совршен клуб за Гризман. Ако веќе сака да оди повеќе би сакал да оди во Барселона отколку во Реал Мадрид“, рече Гризман.