„Мораме да го врати Туре!“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Јаја Туре не играше за репрезентацијата на својата земја од 2015-та година и победата против Гана.

Потоа објави Туре дека оди во пензија, барем кога станува збор за репрезентацијата.

Но, новиот селектор на Брегот на Слоновата коска, Марк Вилмотс има поинакви планови.

Тој сака да го наговори играчот да се врати во тимот. Вилмотс, поранешен играч и тренер на Белгија, неодамна се согласи да 2-годишен ангажман во оваа репрезентација.

„Знам колку е важно да се има искусни играчи. За Туре сеуште не е готово, мораме да го вратиме. Ова прашање ќе биде една од моите задачи.“

„Ќе одам да се видам со него и да разговарам.“