„Санчез не е голем играч!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот голман на Арсенал, Леман остави голема трага во тимот и сега испрати критики на сметка на Санчез.

Статистички гледано Санчез оваа сезона постигна 22 голови и 18 асистенции, но и покрај тоа, голманот не е импресиониран со неговите игри.

„Се зборува дека Санчез е голем играч, но тој не е. За да бидеш голем играч, треба да си силен играч психички, а не само да дриблаш.“

„Со Озил секогаш е исто прашањето, колку може да помогне кога ќе стане најтешко.“

Да потсетиме, Леман за Арсенал настапуваше во период од 2003 до 2008 година.