„Погрешно би било ако сега мислам за Барселона“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Жерар Делуфеу направи одличен потег со доаѓањето на позајмица во Милан од редовите на Евертон.

Шпанскиот фудбалер пред неколку години стигна во Евертон од Барселона, но во последно време имаше многу мала минутажа во клубот од Гудисон.

Во јануари Делуфеу се одлучи дека е време за промена, и замина на позајмица во Милан.

Овој потег се испостави како исклучително добар, бидејќи веќе во првите неколку натпревари се покажа како големо засилување за Росонерите.

Делуфеу после три години повторно доби повик во репрезентацијата на Шпанија и не крие дека за тоа најмногу е заслужно доаѓањето на Сан Сиро.

„Да не ја прифатив понудата на Милан сигурно сега не би бил во репрезентацијата на Шпаноја. Тоа е одличен клуб и моментално сум фокусиран на Милан. Многу сум среќен тука и презадоволен сум како сите ме прифатија. Кога дознав дека ме сака Милан одма порачав дека е тој клубот во кој сакам да одам“, рече Делуфеу.

Во шпанските медиуми вчера се појави информација дека овој фудбалер на лето може да се врати во Барселона бидејќи во договорот со Евертон постои клаузула со тоа што каталонскиот клуб може да го купи за 12 милиони евра.

„Го очекував тоа прашање. Навистина е одлично да се слушнат такви работи, но играчот мора да биде фокусиран само на остатокот на сезоната бидејќи ако почнете да размислувате за наредната сезона ќе ве нема никаде. Ќе видиме на лето што ќе се случи, моментално  сум фокусиран само на Милан. Би било погрешно за сега да размислувам за Барселона или Евертон“, додаде фудбалерот на Милан.