„Имав 35 милиони причини да заминам, но останав“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Аргентинскиот тренер Диего Симеоне изјави дека во минатиот период одби понуда тешка 35 милиони евра.

Симеоне благодарение на резултатите остварени на клупата на Атлетико Мадрид стана култна личност меѓу навивачите, а иако медиумите од година во година го преселуваат во други клубови, неговата ера на Висенте Калдерон и понатака трае.

Дека не се работи само за медиуми шпекулации соопшти и тоа што Симеоне имаше конкретна понуда „на маса“ после што по втор пат во три години е поразен од градскиот ривал Реал Мадрид во финале на ЛШ.

„Кога после натпреварот отидов кон новинарите, поминав покрај играчи на Реал кои славеа.

Почувствував силна болка и помислив дека ќе биде тешко да се мотивираат играчите во наредните години. Реков што сум мислел. Дали е тоа така лошо? Имав 35 милиони причини да одам во друг тим, но не заминав“, рече Симеоне за Ас.

Јорганџиите под водство на Симеоне денеска се меѓу четирите најдобри екипи во Европа.

Соработката меѓу Атлетико и Симеоне трае од 2011 година.