Добра вест за Голден Стејт – Дурант наскоро се враќа на теренот!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Иако првите информации зборуваа дека Дурант ќе отсуствува неколку месеци поради коленото, сепак најновите информации велат дека тој ќе се врати пред крајот на регуларниот дел на сезоната.

Со овие оптимистички најави оди во корист и фактот дека најдобриот играч на Голден Стејт имаше тренинг со тимот.

Дурант се повреди на 28 февруари во дуелот со Вашингтон, а во негово отсуство Голден Стејт имаше 7 победи и 5 порази.

Дурант оваа сезона одигра 59 натпревари и просечно постигнува по 25.3 поени, 8.2 скокови, 4.8 асистенции и 1.6 блокови.

Голден Стејт е прв тим во Западот со резултат од 57-14.