„Икарди наскоро ќе добие шанса во репрезентацијата“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Напаѓачот на Интер, Икарди сеуште чека шанса во дресот на Аргентина.

Иако сигурно во минатите сезони беше најдобар играч на Интер, тој за репрезентацијата одигра само 8 минути и тоа против Парагвај во 2013-та година.

Хавиер Занети смета дека Икарди наскоро би требало да добие шанса во дресот на репрезентацијата.

„Аргентина има среќа да најде добри фудбалери. Сега треба да мислиме само на напаѓачите кои ги има во тимот, а тоа се Меси, Дибала, Игуаин, Лавеци и Икарди, кој е капитен на Интер и би требало наскоро да добие шанса.“

„Мауро е капитен, игра многу добро и на секој натпревар покажува дека е квалитетен напаѓач и постигнува постојано голови. Тоа сигурно ќе го однесе до репрезентацијата. Веруваме во него и неговата шанса ќе дојде, но треба да го почитуваме тимот во моментов.“

Икарди оваа сезона одигра 27 натпревари во Серија А и постигна 20 голови.