Ангеловски и Пандев: Одиме на победа против Лихтенштајн


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонската А репрезентација денеска пристигна во Вадуц, каде в петок игра против Лихтенштајн во пресметка од квалификациите за СП во Русија 2018 година. По сместувањето националниот тим имаше краток одмор, а потоа од 18:30 часот репрезентативците го одржаа официјалниот тренинг на „Рајнпарк“ стадионот. Предходно на официјалната прес конференција се појавија селекторот Игор Ангеловски и Горан Пандев кои уште еднаш оптимистички пред овој важен натпревар најавија дека ги очекуваат првите бодови од овие квалификации.

„Сите знаеме за нас што претставува утрешниот натпревар и од таа страна мислам дека одработивме добри подготовки и дека максимално подготвени ќе влеземе на овој дуел, се со цел да дојдеме до победата. Јас и на пресот кога се собравме кажав дека во фудбалот нема лесни противници, дека доколку сакаме да победиме мораме ние да бидеме на максимално ниво, на нивото што бевме и на минатите натпревари, но со една разлика, овој да ни донесе позитивен резултат. Доколку играчите го почитуваат се она што сме се договориле мислам дека шансите за да дојдеме до првата победа се големи “, изјави селекторот Игор Ангеловски пред присутните новинари.

„Не очекува уште еден натпревар од овие квалификации, мислам дека одигравме 4 доста добри натпревари но не освоивме ниту еден бод, исто како и Лихтенштајн. Мислам дека ова е голема шанса за нас да направиме пресвртница во овие квалификации, сигурно не да се бориме за ова последно место. Мислам дека ако го добиеме утрешниот натпревар може да се надеваме на пласман и на четвртото место. Знаеме дека на овој натпревар нема фаворити бидејќ и двете репрезентации немаме бодови во овие квалификации. Мислам дека сме поквалитетни, но само ако го дадеме максимумот, да одиграме како што се договоривме, сите да ги испочитуваме желбите на селекторот. Мислам дека ако одиграме како што знаеме ние, како што одигравме на последните натпревари, нема да имаме проблеми“, изјави каптенот Горан Пандев.

Веднаш после пресот, нашите фудбалери го одработија и официјалниот тренинг на стадионот „Рајнпарк“.

Натпреварот Лихтенштајн-Македонија се игра в петок во Вадуц, со почеток од 20:45 минути