„Парите уплатени за Милан се повеќе од сумата за цел Интер“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Милан се наоѓа пред превземање од страна на „Сино-Јуроп Спортс“, но се одложува веќе неколку пати поради финансиски проблеми.

Од третата рата која изнесува 100 милиони евра, досега се исплатени само 20, но ако стигне остатокот од сумата, тогаш тоа го надминува износот на „Сунинг“ од 270 милиони евра за Интер.

Пјер, синот на Силвио вели дека сумата платена досега за Милан ја надминува целата инвестиција платена за Интер.

„Ако се пред нас на табелата, тоа не значи дека се подобри. А и досега уплатените депозити покажуваат дека Милан е поскап од Интер.“