Навивач собира милијарда евра да го купи Арсенал


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еден навивач на Арсенал дојде до една идеја да поткрене crowdfunding кампања со цел да собере пари да го откупи клубот и да стане нов сопственик на тимот од Емирати.

Корисникот под прекар „lifeshard92“ на друштвената мрежа Reddit поткрена кампања за помош да собере милијарда евра со цел да го откупи клубот од сегашниот сопственик Стан Кронке.

Навивачите на Арсенал се против сегашниот претседател од причина што сметаат дека Американецот не го интересираат успесите на теренот веќе само заработка, а за тоа сведочи и податокот дека Топџиите во негова ера освоија само два ФА Купови што е навистина скромно за клуб со такво реноме.

„Арсенал има околу 27 милиони навивачи ширум светот. Знам дека нема сите да учествуваат во мојата акција, но ако на милион ни дадат по илјада фунти, можеме да го купиме клубот. Илјада фунти е помалку од цената на сезонските влезници, а ако додадеме уште некоја фунта, ќе имаме и за трансфери“, напиша lifeshard92 на Reddit.

Времето ќе покаже дали неговата акција ќе биде успешна, но секако треба да му честитаме барем на обидот за нешто да се промени.