Голема чест за легендарниот центар – Статуа на О`Нил пред Стејплес центарот!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пред салата на Лејкерс, пред натпреварот помеѓу Лејкерс и Минесота ќе се одржи една промоција.

Шекил О`Нил, легендата на НБА кошарката ќе добие голема награда за своите игри во клубот од Лос Анџелес.

Пред нивната сала ќе биде откриена статуа со неговиот лик.

На церемонијата ќе присуствуваат голем број играчи на Лејкерс, како Брајант, Џабар, Вест и Џексон.

Во близина на салата ќе биде одржана и парада во чест на овој голем кошаркар.

Шек се огласи предку Твитер со емотивна порака.

„Ви благодарам семејство Бус. Без зборови останав.“

Легендарниот центар дојде до 3 титули во Лејкерс, а во кариерата имаше играно уште за Орландо, Феникс, Мајами и Бостон.