Реал се подготвува за живот без Роналдо, а ова може да биде неговата замена!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во Реал се свесни дека Роналдо нема да игра вечно.

Реал е решен ова лето да го донесе Азар од Челси. Тој игра една од најдобрите сезони во кариерата, а во моментов има постигнато 11 голови и 4 асистенции со кои е еден од најголемите причини зошто Челси оди кон титулата во моментов.

Тоа му донесе интерес од голем број гиганти, а меѓу нив е и Реал кој во него гледа замена за Роналдо.

Реал во пакет за Азар би можеле да го испратат и Мората кој не е прва напаѓачка опција, а има смисла тоа затоа што Коста планира да се сели во Кина по оваа сезона.

Азар наводно не би имал ништо против да се пресели во Реал додека истата среќа ја немаа со Куртоа кој исто така сакаат да го видат во својот тим, но тој изјави дека нема намера да го напушти Лондон.