Смолинг се повреди, Саутгејт повика дебитант


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Стоперот на Мидлзборо ќе биде во конкуренција за квалификациониот дуел против Литванија, пренесуваат островските медиуми.

Поради повреда дефанзивецот на Манчестер Јунајтед Крис Смолинг, селекторот на Гордиот Албион Герет Саутгејт го повика Бен Гибсон.

Саутгејт одлично го познава 23-годишниот дефанзивец на Мидлзборо, беше негова надеж додека беше селектор на младата репрезентација на Англија.

Гибсон е дете на Боро, а интересно е дека неговиот чичко Стив е еден од директорите на клубот.

Во тековната сезона одигра 23 меча во Премиер лигата и постигна еден гол. Примарна позиција му е стопер, но по потреба може да игра и како лев бек.

Ги помина сите млади селекции на англиската репрезентација, а во неделата можеби ќе дебитира и за А тимот против Литванија на Вембли.

Шансите за тоа се изгледни поради тоа што Гери Кејхил нема право на настап поради суспензија.

Англичаните се лидерит во квалификационата група Д после четири одиграни кола со учинок од три победи и едно реми.

Сеуште не примија гол, а постигнаа шест.