Србија со пресврт ја победи Грузија, Тосун за четири минути ја реши Финска


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Се одиграа два натпревари од петото коло во квалификациите за СП 2018.

Репрезентацијата на Србија на гости ја победи Грузија, 1:3.

После шест минути игра домашните стигнаа до водство. Качарава погоди за 1:0. Пред крајот на првото полувреме Какабадзе направи прекршок во казнениот простор, а Тадиќ беше сигурен од белата точка.

Во 64-та минута Митровиќ погоди за водство за Србија. Конечните 1:3 ги постави резервата Гаќиновиќ шест минути пред крајот на натпреварот.

Србија се искачи на првата позиција после денешната победа со еден бод повеќе од Ирска која го нема одиграно натпреварот од петото коло.

 

Турција лесно славеше против Финска на домашен терен, 2:0.

Tосун за четири минути постигна два погодоци со глава. Сен и Сахан пропуштија големи шанси за Турција. Пред крајот на првото полувреме Хетемај ја погоди стативата.

Во второто полувреме мируваа мрежите, па на крајот Турција победи, 2:0.

После победата Турција ќе се искачи на третата позиција и ќе има исто бодови со второпласираната Украина која го нема одиграно натпреварот од петото коло.