Првиот подарок од Кинезите, Милан конечно го улови посакуваниот стопер!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Висината на трансферот е 18 милиони евра.

Милан го договори првото засилување за наредната сезона, јавуваат италијанските медиуми.

Нов член на Росонерите ќе стане аргетинскиот репрезентативец Матео Мусакио.

Стоперот на Виљареал на крајот на сезоната ќе се пресели во Милан во трансфер тежок 18 милиони евра.

Ќе заработува 3 милиони евра годишно.

Се работи за играч кој Милан го брка подолго од година дена и кој во летото беше на прагот од доаѓање, но во последен момент даде негативен одговор.

Тој е голема желба на Адријано Галијани кој во летото не успеа да го заврши трансферот, а сега Аргентинецот ќе го доведат потполно други луѓе…

Идните сопственици на клубот од Кина во претходните денови ги областија своите луѓе Фасоне и Мирабели да преговараат со агентот на Мусакио, поради тоа што претходно разговараа со Галијани.

Компанијата Сино Јуроп Спортс го претходните два дена уплатѕи две транши на депозит од по 20 милиони евра, остануваат уште 30 милиони за преземање на клубот.

Во конечниот збир со поранешните уплати, тоа е депозит од 250 милиони евра на компанијата на Берлускони. И доволно за идните сопственици веќе да почнат да влечат конкретни чекори на фудбалскиот пазар.

Мусакио прифати да се пресели во Милан, а Виљареал прифати на оштета од 18 милиони евра.

Во минатото лето Жолтата подморница се потпираше на клаузула од 50 милиони евра, но поради тоа што договорот на Аргентинецот истекува во лето 2018 година, наредниот преоден рок е последна шанса за на него да се заработи добра сума на пари.

Дека се помирија со неговото заминување, зборува и веста дека веќе бараат замена за него.

Претседателот Роиг стапи во контакт со Лион со цел да издејствува купување на аргентинскиот стопер Емануел Мамана како замена за сонародникот.

Мусакио во Милан треба да сочинува стоперски тандем со Алесио Ромањоли поради тоа што актуелниоте стопери Запата и Палета не влеваат премногу доверба.