Наследникот на Раниери е тренер на месецот во ПЛ?!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Одредено е кои се наоѓаат во конкуренција за тренер на март во елитниот англиски ранг.

Изгледа дека управата на Лестер направи добра зделка кога му врати отказ на Клаудио Раниери, човекот кој со овој клуб направи историски успех.

Сепак, го плати цехот со слабите резултати, се зборува и дека играчите сакаа да заминат, а неговиот довчерашен помошник Крег Шекспер го наследи и направи неколку одлични резултати.

Лестер со новиот тренер запиша четири триумфи на исто толку мечеви, успееја да стигнат и до 1/4 финале на ЛШ, бидејќи дома успееја да слават против Севиља.

Во март беа подобри од Хал и Вест Хем, и многу е можно Шекспир да ја добие наградата за тренер на месецот.

Тој конкуренција ќе има во Јирген Клоп кој запиша две победи и реми, потоа Антонио Конте, Маурисио Покетино и Сем Алардајс, кои запишаа по два триумфи во март и Еди Хау од Борнмаут, кој со тимот оствари две победи и реми.