„Имам одличен мотор!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Маверик Вињалес беше најбрз во првиот ден од официјалниот тренинг во Катар и не го криеше задоволството.

„На крајот, убава вечер и добар работен ден за мене. Конечно имав добра комбинација на гуми и возев совршен круг и покажав колку добар пакет е оваа Јамаха.“

Возачот кој стигна од Сузуки верува дека може да биде уште побрз.

„Кога се чувствувате вака, имате самодоверба, верувате дека можете се. Во некои свиоци дури ми изгледаше дека сум премногу брз.“