Рома знае што одлучил Тоти?!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесуваат дека во Рома знаат што одлучил нивниот капитен Тоти за својата иднина.

Тоти вчера изјави дека донел одлука, но дека нема да ја соопшти во случај да не се предомисли.

Медиумите тврдат дека Рома претпоставува дека Тоти ќе се прости со нив на крајот на сезоната.

Тој оваа сезона не играше многу, а со оглед на тоа дека има проблеми со повреди, по се изгледа дека дојде крајот на оваа кариера.

Сепак, треба да се каже дека станува збор за шпекулации.

Тоти за Рома дебитираше во 1993 година и досега одигра 612 натпревари и постигна 250 голови.